Одржување со помош на компјутер
Xperia™ Companion
Xperia™ Companion е софтверска услуга што содржи колекција на алатки и апликации што може
да ги користите кога го поврзувате уредот со компјутер. Со Xperia™ Companion, може да:
•
Го ажурирате или поправите софтверот на уредот.
•
Пренесувате содржина од стариот уред користејќи Xperia™ Transfer.
•
Правите резервна копија и обнова на содржина во компјутерот.
•
Синхронизирате мултимедијална содржина – фотографии, видеа, музика и листи со песни –
помеѓу уредот и компјутерот.
•
Пребарувате датотеки на уредот.
За да користите Xperia™ Companion, потребен ви е компјутер поврзан на интернет што користи
еден од следниве оперативни системи:
•
Microsoft
®
Windows
®
7 или понова верзија
•
Mac OS
®
X 10.11 или понова верзија
Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion/ или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac/.
Управување со датотеките со помош на компјутер
Поврзете го уредот со компјутер на Windows
®
со помош на USB кабел за пренесување и
управување со своите датотеки.
44
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Штом ќе се поврзат двата уреда, може да одберете дали сакате да го полните уредот, да
пренесувате датотеки или да го користите за MIDI-внесување. Компјутерот ќе го открие уредот
кога ќе го изберете режимот за поврзување за Пренос на датотеки. Стандардниот режим за
поврзување е поставен како Полнење на уредов.
Со Xperia™ Companion, може да пристапувате до системот на датотеки на уредот. Ако немате
инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го поврзете уредот со
компјутерот.
Секогаш користете USB кабел наменет за специфичниот модел на Xperia™ и
проверувајте дали е целосно сув.
Режим на поврзување за USB
Може да го користите режимот за поврзување Пренос на датотеки за управување со
датотеките и за ажурирање на софтверот од уредот. Овој USB режим се користи со компјутерите
на Microsoft
®
Windows
®
. Полнењето е вклучено стандардно.
Со користење на режимот Користете го уредот како MIDI, вашиот уред може да
функционира како MIDI-влез за апликациите за музички инструменти.
Менување на режимот за USB-конекција
1
Поврзете USB-приклучок со уредот.
2
Повлечете ја лентата за статус надолу и допрете Полнење на уредов.
3
Допрете Пренос на датотеки или Користете го уредот како MIDI според
потребите.