Наоѓање на изгубениот уред
Доколку имате сметка на Google™, веб-услугата „Заштита со my Xperia“ може да ви помогне да го
најдете и обезбедите уредот доколку некогаш го изгубите. Доколку ја активирате оваа услуга на
уредот, може:
•
Да го најдете уредот на мапа.
•
Да репродуцирате предупредување дури и ако уредот е во режимот Не вознемирувај.
•
Далечински да го заклучите уредот и да му ги прикажете вашите контактни детали на тој што ќе го
најде.
•
Далечински да ја избришете внатрешната и надворешната меморија на уредот како последна
опција.
Доколку ја избришавте внатрешната меморија на уредот со помош на веб-услугата
„Заштита со my Xperia“, мора да се пријавите со сметката на Google™ што претходно
била синхронизирана на овој уред при неговото следно вклучување.
Услугата „Заштита со my Xperia“ може да не е достапна во сите земји или региони.
Активирање на заштитата со my Xperia
1
Проверете дали имате активна податочна конекција и вклучете ги услугите за локација на
уредот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучув. и безбедност >
Заштита од my Xperia > АКТИВИРАЈ.
4
Обележете го полето за избирање за да се согласите со одредбите и условите за услугата,
а потоа допрете ПРИФАТИ.
5
Доколку се побара, пријавете се на вашата сметка на Google™ или креирајте нова доколку
немате.
6
За да потврдите дека Заштита со my Xperia може да го најде вашиот уред, појдете на
myxperia.sonymobile.com и пријавете се со сметката на Google™ што ја користите на
уредот.
Доколку уредот го споделувате со повеќе корисници, услугата Заштита со my Xperia е
достапна само за корисникот што е пријавен како сопственик.
21
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Пронаоѓање изгубен уред со помош на управувачот со уреди на
Android™
Google™ нуди веб-услуга за лоцирање и безбедност наречена Управувач со уреди на Android™.
Можете да ја користите паралелно или како алтернатива на услугата Заштита со my Xperia. Ако го
загубите уредот, може да го употребите управувачот со уреди на Android™ за:
•
Да го пронајдете и да покажете каде се наоѓа вашиот уред.
•
Да заѕвоните или да го заклучите уредот, да избришете сѐ од него или да додадете телефонски
број на екранот при заклучување.
За дополнителни информации за управувачот со уреди на Android™, појдете на
www.support.google.com.
Управувачот со уреди на Android™ не работи ако уредот е исклучен или ако нема
конекција со интернет. Управувачот со уреди на Android™ може да не биде достапен во
сите земји или региони.
Активирање на управувачот со уреди на Android™
1
Доколку уредот го споделувате со повеќе корисници, пријавете се како негов сопственик.
2
Проверете дали имате активна податочна конекција и дали се активирани услугите за
локација.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Пронајдете и допрете Поставки > Google > Безбедност.
5
Допрете ги лизгачите до Далечински лоцирај го овој уред и Дозволи
далечинско заклучување и бришење за да ги вклучите двете функции.
6
Ако добиете предупредување, согласете се со условите и одредбите со допирање на
Активирајте го администраторот на уредот.
7
За да потврдите дека управувачот со уреди на Android™ може да го лоцира уредот откако
ќе ја активирате услугата, појдете на www.android.com/devicemanager и пријавете се
користејќи ја вашата сметка на Google™.
Управувачот со уреди на Android™ може да го активирате и од Екран при заклучув. и
безбедност под Администратори на уредот.
22
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.