Sony Xperia Z5 Dual - Информации за упатството за корисникот

background image

Информации за упатството за корисникот

Ова е упатство за корисникот на Xperia™ Z5 Dual за верзијата на софтверот на Android™
7.0
. Доколку не сте сигурни која верзија од софтверот работи на вашиот уред, може да ја
проверите во менито Поставки.

Ажурирањата на системот и апликациите може да ги прикажуваат функциите во уредот на
поразличен начин од тоа што се опишани во упатството за корисникот. Верзијата на
Android™ може да не биде засегната од ажурирањето. За повеќе информации за
ажурирањата на софтверот, погледнете во Ажурирање на уредот на страницата 43.

За да ја проверите тековната верзија на софтверот во вашиот уред

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > За телефонот > Верзија на
Android™
.

Наоѓање на бројот на моделот и името на уредот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете .
Се прикажуваат бројот на моделот и името на уредот.

Ограничувања на услугите и функциите

Некои од услугите и функциите опишани во ова упатство за корисникот може да не се поддржани
во сите држави или региони или од сите мрежи или обезбедувачи на услуги. GSM-меѓународниот
број за итни случаи може секогаш да се користи во сите држави, региони, мрежи и од страна на
сите обезбедувачи на услуги под услов уредот да е поврзан на мобилната мрежа. Контактирајте
со мрежниот оператор или со обезбедувачот на услуги за да ја одредите достапноста на одредена
услуга или функција и дали се наплаќаат дополнителни трошоци за пристап или за користење.
Треба да имате пристап до интернет за да користите одредени функции и апликации опишани во
ова упатство. Може да направите трошоци за конекцијата со податоци кога се поврзувате на
интернет од уредот. Контактирајте со обезбедувачот на безжични услуги за повеќе информации.