Прво вклучување на уредот
Се препорачува да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред да го вклучите уредот за
првпат. Уредот може да го користите и додека се полни. Видете Полнење на уредот на
страницата 40.
При првото вклучување на уредот, водичот за поставување ви помага да ги конфигурирате
основните поставки, да го персонализирате уредот и да се пријавите на своите сметки, на пример,
на сметката на Google™.
Вклучување на уредот
1
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.
2
Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете
.
3
Почекајте додека не се вклучи уредот.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете Исклучување.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.