Sony Xperia Z5 Dual - Избирање мобилни мрежи

background image

Избирање мобилни мрежи

Вашиот уред го поддржува користењето на две различни мрежи истовремено. Може да одберете
од следните комбинации на мрежни режими кога двете SIM-картички се вметнати во уредот:

Една WCDMA мрежа

Една GSM мрежа

Една WCDMA и една GSM мрежа

Една LTE, една WCDMA и една GSM мрежа
За секоја SIM-картичка, може да го поставите уредот да се префрла автоматски помеѓу мобилните
мрежи, зависно од достапноста на мобилните мрежи во местото каде што се наоѓате. Може и
рачно да го поставите уредот да користи одреден режим на мобилна мрежа за секоја SIM-
картичка, на пример, WCDMA или GSM.
Во лентата за статус се прикажуваат различни икони за статус, во зависност од видот или
режимот на мрежата со која сте поврзани. Погледнете во Икони за статус на страницата 36
за да видите како изгледаат различните икони за статусот.

Одбирање мрежен режим

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Претпочитан тип мрежа, па одберете мрежен режим.

Рачно одбирање друга мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Оператори на мрежа.

5

Допрете Режим на пребарување, па одберете Рачно.

6

Одберете мрежа.

Ако рачно изберете мрежа, уредот нема да бара други мрежи дури и ако излезете надвор
од опсегот на рачно одбраната мрежа.

Активирање автоматско одбирање мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Мрежни оператори.

5

Допрете Режим на пребарување, па одберете Автоматски.