Sony Xperia Z5 Dual - Откажување на бучавата

background image

Откажување на бучавата

Вашиот уред поддржува слушалки за придушување бучава. Со користење на слушалките за
придушување бучава на уредот, може да добиете многу почист квалитет на звукот додека
слушате, на пример, музика во бучна средина, како автобус, воз или авион. Оваа функција може
да се користи и за креирање на тивка средина за учење, работа или читање.

За да се обезбедат оптимални перформанси, се препорачуваат слушалките за
придушување бучава од Sony.

69

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користење слушалка за поништување на бучавата

1

Поврзете ја слушалката за поништување на бучавата со уредот.

2

Од својот Почетен екран, пронајдете и допрете > Поставки > Звук > Поставки
на додатокот
> Поништување на бучавата, потоа допрете го лизгачот за да ја
вклучите функцијата Поништување на бучавата.

3

Допрете Тип слушалки и одберете го типот слушалка/слушалки.

4

Ако сакате Поништување на бучавата да биде вклучено само додека се
репродуцира музика или видео или кога е активен екранот, допрете го лизгачот Режим
на штедење енергија
за да ја вклучите оваа функција.

5

Ако сакате Поништување на бучавата да биде вклучено сè додека се приклучени
слушалките, допрете го лизгачот Режим на штедење енергија за да ја исклучите
оваа функција.

Слушалките за поништување на бучавата може да не се вклучени со уредот при
продажбата.

Функцијата Поништување на бучавата може да ја вклучите и преку паното со
известувања кога ќе поврзете слушалки за поништување на бучавата со уредот.

Прилагодување на поставките на околната бучава

1

Поврзете слушалки за поништување на бучавата со уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Поставки на додатокот
>Поништување на бучавата > Шум од околината.

4

Одберете го соодветниот тип околна бучава, па допрете OK.