Управување со додатоците
Користете ја апликацијата Smart Connect™ за управување со опсег на паметни додатоци што
може да ги поврзувате со уредот, вклучувајќи Xperia™ SmartTags, часовник од серијата
SmartWatch или безжични слушалки од Sony. Smart Connect™ ги презема сите потребни
апликации и наоѓа апликации од трети страни кога се достапни. Претходно поврзаните додатоци
се прикажуваат во список што ви овозможува да добиете повеќе информации за функциите на
секој уред.
Спарување и поврзување додатоци
1
Стартувајте ја апликацијата Smart Connect™. Доколку првпат ја отворате Smart Connect™,
допрете OK за да го затворите воведниот екран.
2
Допрете Додатоци, потоа допрете .
3
Вклучете ја функцијата Bluetooth® доколку не е вклучена, па допрете на името од
додатокот со којшто сакате да се спарите и поврзете.
4
Доколку е потребно, внесете код за пристап или потврдете го истиот код и на уредот и на
додатокот.
Прилагодување на поставките за поврзаниот додаток
1
Спарете го и поврзете го додатокот со уредот.
2
Стартувајте ја апликацијата Smart Connect™.
3
Допрете Додатоци, потоа допрете го името на поврзаниот додаток.
4
Прилагодете ги саканите поставки.