Sony Xperia Z5 Dual - Уредување текст

background image

Уредување текст

Можете да одбирате, отсекувате, копирате и залепувате текст како што пишувате. На опциите за
уредување може да им пристапите со двојно допирање на внесениот текст. Опциите за уредување
тогаш стануваат достапни преку лента на апликацијата.

Лента за уредување текст

Откако ќе го одберете текстот со двоен допир на зборот, ќе се појави лента за уредување што
содржи неколку алатки:

Сечи

Копирај

Залепи

Сподели

Одбери сѐ

Асистенција

Опцијата Залепи се појавува само кога имате зачувано текст во посредникот.

75

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одбирање текст

1

Внесете текст, па двапати допрете го текстот. Зборот што го допирате станува обележен со
картички на двете страни.

2

Влечете ги картичките лево или десно за да одберете повеќе текст.

Уредување текст

1

Внесете текст, па двапати допрете го полето за текст за да се појави лентата на
апликацијата.

2

Одберете го текстот што сакате да го уредувате, па користете ја лентата на апликацијата
за да ги направите саканите промени.

Користење на лупата

Кога внесувате текст, држете го допрено полето за текст за да го видите текстот зголемен и
за да го поставите покажувачот каде што сакате во полето за текст.