Читање и испраќање пораки
Апликацијата Пораки ги прикажува пораките како разговори, што значи дека сите пораки до и од
определено лице се групирани заедно. За да испратите мултимедијална порака, треба да ги
коригирате MMS поставките во уредот. Видете Поставки за интернет и MMS
на страница 51.
Бројот на знаци што може да се испратат во една порака зависи од ограничувањата на
операторот и на користениот јазик. Максималната големина на една мултимедијална
порака, во која е вклучена и големината на додадените медиумски датотеки, исто така
зависи од операторот. Контактирајте со својот мрежен оператор за повеќе информации.
1
Вратете се на листата на разговори
2
Повикајте го испраќачот на пораката
3
Прегледајте повеќе опции
4
Испратени и примени пораки
5
Испратете комплетирана порака
6
Додајте прилози
Креирање и испраќање порака
1
Од својот Почетен екран, допрете на , потоа пронајдете и допрете .
2
Допрете .
3
Внесете го името или телефонскиот број на примачот или другите информации за контакт
зачувани за него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во
списокот со контакти, внесете го неговиот број рачно.
4
Доколку сакате да испратите групна порака, повторете ја гореопишаната процедура за
додавање повеќе примачи.
5
Допрете Напишете порака и внесете го текстот на пораката.
6
Доколку сакате да додадете прилог, одберете ја соодветната опција.
7
За да ја испратите пораката, допрете на кое било од копчињата во зависност од тоа која
SIM-картичка сакате да ја користите.
Доколку излезете од пораката пред да ја испратите, таа ќе се зачува како нацрт.
Разговорот ќе биде означен со зборот Скица.
Читање примена порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете .
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Ако пораката сè уште не е преземена, допрете на неа.
Сите примени пораки се зачувуваат стандардно во меморијата на уредот.
93
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Одговарање на пораките
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете .
2
Допрете го разговорот со пораката.
3
Внесете го одговорот и допрете на кое било од копчињата во зависност од тоа која SIM-
картичка сакате да ја користите.
Препраќање порака
1
Од својот Почетен екран, допрете на , потоа пронајдете и допрете на .
2
Допрете го разговорот со пораката што сакате да ја препратите.
3
Допрете ја и држете ја пораката што сакате да ја препратите, а потоа допрете Препрати
порака.
4
Внесете го името или телефонскиот број на примачот или другите информации за контакт
зачувани за него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во
списокот со контакти, внесете го неговиот број рачно.
5
Уредете ја пораката доколку е потребно, а потоа допрете на кое било од копчињата во
зависност од тоа која SIM-картичка сакате да ја користите.
Зачувување на датотеката што се содржи во примената порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете .
2
Ако пораката сè уште не е преземена, допрете на неа.
3
Допрете ја и држете ја датотеката што сакате да ја зачувате, а потоа одберете ја саканата
опција.