Sony Xperia Z5 Dual - Навигација на апликации

background image

Навигација на апликации

За навигација меѓу апликациите користете ги копчињата за навигација и прозорецот за неодамна
користени апликации, коишто ви овозможуваат лесно да се префрлате меѓу неодамна користените
апликации. Копчињата за навигација се: копчето за назад, копчето за почетен екран и копчето за
неодамнешни апликации. Може и да отворите две апликации на екранот одеднаш со помош на
режимот за поделен екран ако апликацијата ја поддржува функцијата за повеќе прозорци. Некои
апликации се затвораат кога ќе го притиснете копчето за почетен екран за да излезете, а други
се паузираат или продолжуваат да работат во заднина. Доколку некоја апликација е паузирана или
се извршува во заднина, може да продолжите каде што сте застанале при наредното отворање на
апликацијата.

27

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Мали апликации – Отворете го прозорецот со мали апликации

2

Избриши ги сите – Затворете ги сите неодамна користени апликации

3

Прозорец со неодамна користени апликации – Отворете неодамна користена апликација

4

Копче за неодамнешни апликации – Отворете ги прозорецот со неодамна користени апликации

5

Копче за почетен екран – Излезете од апликацијата и вратете се на почетниот екран

6

Копче за назад – Вратете се на претходниот екран во апликацијата или затворете ја апликацијата

За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации

Притиснете го .

Брзо префрлање помеѓу неодамна користените апликации

Брз притиснете го двапати.

Затворање на сите неодамна користени апликации

Допрете , а потоа допрете ИЗБРИШИ ГИ СИТЕ .

Отворање мени во апликацијата

Додека ја користите апликацијата, допрете .

Менито не е достапно во сите апликации.

Режим на поделен екран

Режимот на поделен екран ви овозможува да прегледувате две апликации одеднаш, на пример,
ако сакате да го прегледувате дојдовното сандаче за е-пошта и веб-пребарувачот истовремено.

1 Апликација 1 во погорниот прозорец

2 Граница на поделениот екран – Повлечете ја за менување на големината на прозорецот

3 Апликација 2 во подолниот прозорец

4 Копче за поделен екран – Одберете неодамна користена апликација

5 Копче за почетен екран – Вратете се на почетниот екран

6 Копче за назад – Вратете се на претходниот екран во апликацијата или затворете ја апликацијата

Сите апликации не поддржуваат режим на поделен екран.

28

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користење режим на поделен екран

1

Проверете дали двете апликации што сакате да ги користите во режимот на поделен екран
се отворени и работат во заднината.

2

Отворете ја апликацијата што сакате да ја користите во режимот на поделен екран, потоа
допрете го и задржете го . Апликацијата ќе се отвори во првиот дел од поделениот
екран.

3

Одберете ја втората апликација од списокот со мали слики.

4

Ако сакате да им ја промените големината на прозорците од поделениот екран, повлечете
ја границата на поделениот екран во средината.

5

За да излезете од режимот на поделен екран, допрете и задржете на додека да се
покажат прозорците од поделениот екран.