Sony Xperia Z5 Dual - Преглед на апликациите

background image

Преглед на апликациите

Некои апликации може да не се вклучени во уредот или може да не се поддржани од сите
мрежи или обезбедувачи на услуги во сите области.

Користете ја апликацијата Албум за управување, прегледување и уредување на
фотографиите и видеата.

Пребарувајте и купувајте илјадници производи од вашиот уред.

Заштитете го уредот од вируси, злонамерен софтвер, шпионски софтвер, обиди за
кражба на идентитетот и злоупотреба на интернет.

Користете ја апликацијата Калкулатор за изведување основни пресметки.

Користете ја апликацијата Календар за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.

Користете ја камерата за да фотографирате и да снимате видео клипови.

Користете го веб-пребарувачот Chrome за навигација и прегледување на веб-страниците
и за управување со обележувачите, текстот и сликите.

Користете ја апликацијата Часовник за да поставите разни аларми и тајмери.

Користете ја апликацијата Контакти за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.

Пристапувајте до преземените апликации, документи и слики.

Зачувајте ги документите и датотеките за лесен пристап од кој било уред, споделувајте ги
со пријателите и соработувајте со колегите.

Користете ја апликацијата Е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на личните и
службените сметки.

Користете ја апликацијата Facebook™ за поврзување на социјалните мрежи со
пријателите, семејството и колегите ширум светот.

38

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Пребарувајте и слушајте FM радиостаници.

Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате пораки по е-
пошта.

Пребарувајте информации во уредот и на веб.

Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите на интернет.

Уживајте во музиката, филмовите, апликациите и игрите на вашиот уред и добијте
ексклузивен пристап до уникатна содржина достапна само на уредите на Xperia™.

Прегледајте ја тековната локација, пронајдете други локации и планирајте маршрути со
помош на Google Maps™.

Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.

Користете ја апликацијата Music за да организирате и репродуцирате музика и
аудиокниги.

Гледајте вести од News Suite.

Остварувајте повици со рачно бирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.

Организирајте, пребарувајте и прегледувајте ги сите ваши фотографии и видеа.

Користете ја апликацијата Филмови и ТВ-емисии од Google Play за да гледате филмови и
ТВ-емисии купени или изнајмени од Google Play.

Откривајте и репродуцирајте илјадници песни со апликацијата Music од Google Play.

Користете ја апликацијата Play Store™ за да пронајдете апликации за купување или за
бесплатно преземање.

Поврзете се со пријателите за играње игри и со игрите што сакате да ги играте, купувајте
од PlayStation®Store и друго.

Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.

Стримувајте музика, пребарувајте преку колекциите на пријателите или преку
дискографиите на изведувачи, или создајте сопствена радиостаница.

Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисници во
уредот. На пример, може да пристапите до упатството за корисникот, информациите за
решавање проблеми, како и до советите и триковите.

Идентификувајте ги песните коишто ги слушате во својата околина и дознајте
информации за изведувачот, албумот и друго.

Користете ја апликацијата Видео за да репродуцирате видеа на уредот и да споделувате
содржина со пријателите.

Пребарувајте содржина на веб со помош на вашиот глас.

Користете ја апликацијата Време за да ја гледате временската прогноза.

Користете ја апликацијата Што е ново за да откривате нови игри, апликации и медиумска
содржина.

Користете го YouTube™ за да гледате видеа од корисниците ширум светот и да ги
споделувате своите.

39

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.