Мени на почетниот екран на албумот
Од менито на почетниот екран на албумот може да ги пребарувате фотоалбумите, вклучувајќи ги
фотографиите и видеата снимени со користење специјални ефекти, како и содржината што сте ја
споделиле на интернет преку услугите како што се Picasa™ и Facebook. Штом ќе се пријавите на
тие платформи, може да управувате со содржината и да ги прегледувате сликите на интернет. Од
апликацијата Албум, може и да додавате гео-ознаки во фотографиите, да извршувате основни
задачи за уредување и да користите методи, како што се безжичната технологија Bluetooth® и е-
поштата, за споделување содржина.
1
Вратете се на почетниот екран на апликацијата Албум за да ја прегледате целата содржина
2
Прегледајте ги омилените фотографии и видеа
3
Прегледајте ги сите видеа зачувани во уредот
4
Прегледајте ги своите фотографии на мапа или во приказот Глобус
5
Прегледајте ги сите фотографии и видеа направени со камерата на уредот со користење специјални ефекти
6
Прегледајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
7
Прегледајте ги сите фотографии со лица
8
Прегледајте ги фотографиите и видеата на другите уреди во истата мрежа
9
Отворете го менито со поставки за апликацијата Албум
10
Отворете ја веб-поддршката
11
Прегледувајте фотографии од онлајн услуги