Sony Xperia Z5 Dual - Слушање радио

background image

Слушање радио

FM радиото во уредот работи како и секое друго FM радио. На пример, можете да пребарувате и
слушате FM радио станици и да ги зачувате како омилени. Мора да поврзете жична слушалка или
слушалки со уредот за да може да го користите радиото. Тоа е така бидејќи слушалката или
слушалките функционираат како антена. Откако ќе се поврзе еден од овие уреди, може да го
префрлите аудиото на звучникот доколку сакате.

1

Список со омилени

2

Копче за вклучување/исклучување на радиото

3

Приказ на опциите на менито

4

Приспособена фреквенција

5

Зачувување или отстранување канал од омилени

6

Бирање за приспособување

7

Фреквенциски опсег - влечете налево или надесно за преместување помеѓу каналите

8

Движете го фреквенцискиот опсег нагоре за да пребарате канал

9

Зачуван омилен канал

10

Движете го фреквенцискиот опсег надолу за да пребарате канал

Слушање FM радио

1

Поврзете слушалка или сет од слушалки на уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете ја .

3

Пронајдете и допрете . Достапните канали се појавуваат како што лизгате низ
фреквенцискиот опсег.

Кога ќе го вклучите FM радиото, достапните канали се појавуваат автоматски. Ако каналот
има RDS информации, тие се појавуваат неколку секунди откако ќе почнете да го слушате
каналот.

Преместување помеѓу радио каналите

Влечете го фреквентниот опсег налево или надесно.

Или пак, допирајте ги стрелките на која било страна од опсегот за да скокнете до следниот
јасен радио сигнал.

105

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Започнување ново пребарување радиоканали

1

Кога радиото е отворено, допрете .

2

Допрете Барај канали. Радиото го скенира целиот фреквенциски опсег и ги обележува
сите достапни канали.

Вклучување на звукот од радиото на звучникот

1

Кога радиото е отворено, притиснете го .

2

Допрете го Репродуц. во звучникот.

За да го вратите звукот преку слушалка со микрофон со кабел или слушалки со кабел,
притиснете го и допрете го Репрод. во слушалки.

Идентификување песна на FM радио со помош на TrackID™

1

Додека се репродуцира песната на FM радиото од уредот, допрете , па одберете
TrackID™.

2

Ќе се појави индикаторот за напредок додека апликацијата TrackID™ ја проверува песната.
Ако идентификацијата успее, ќе ви биде презентиран резултат или пак листа со можни
резултати.

3

За да се вратите во FM радиото, допрете .

Апликацијата TrackID™ и услугата TrackID™ не се поддржани во сите држави или
региони, ниту од сите мрежи или обезбедувачи на услуги.